Рекламација
ТЕХНО ГЕНЕКС ДООЕЛ . во случај на рекламација постапува според Закон за заштита на потрошувачите (или според Закон за облигациони односи доколку се работи за правно лице).
Доколку имате рекламација најдобро е да не контактирате преку емаил на tehnogen@tehnogenex.com.mk Доколку имате било кое прашање околу вашата рекламација или ви е потребно било какво дополнително објаснување, можете да не контактирате преку емаил или да не побарате на (+389) 22 520-175
Рекламација на оштетување настанато во транспорт
Откако ќе биде испорачан производот/ите, убаво проверете дали производот/ите се стигнати неоштетени. Рок за пријава на рекламација на оштетување при транспорт е 24 часа. Доколку примтетите оштетување (т.е. доколку ви има стигнат производ оштетен, изгребан и сл.) Ве молиме да ни испратите слики од амбалажата и производот на tehnogen@tehnogenex.com.mk
Покрај слика Ве молиме наведете и време кога е извршена испораката, како и број на малопродажната фактура по кој сте го купиле производот.
Набрзо ќе ве контактираат од нашиот контакт центар да направи записник.
Рекламација на техника
Законската гаранција на техниката е наведена на секој производ на нашиот сајт. При изјава за рекламација на апарат од техника, испратете ни број на малопродажната фактура по кој е купен производот, детален опис на оштетувањето, како и адреса од каде би можеле да го превземеме производот (доколку адресата се разликува од наведената адреса на малопродажната фактура).
Производот пред да го пратите мора да биде спакуван и зашиттен да може безбедно да се донесе до нашиот магацин, и веќе наредниот ден ќе биде пратен во овластениот сервис. Штом овластениот сервис ќе изврши преглед и ќе даде одговор за рекламацијата ќе ве известиме.
Доколку веќе го имате однесено производот во овластениот сервис и наместо поправка сте добиле потврда за замена со нов производ ве молиме да не контактирате. Ќе испратиме курир да го превземе апаратот, малопродажната факатура, оригиналната потврда од сервисот и на наш трошок ќе ви го пратиме заменскиот производ или ќе ви направиме поврат на средствата (доколку нема замена за истиот и не може да се поправи).